Корисничко име Лозинка Пријави се
05.1.2017

Куп на Кралот: Реал убедлив, Родригес ја искористи шансата

Фудбалерите на Реал Мадрид направија голем чекор кон четврт-финалето на Кралскиот куп, и покрај тоа што Зинедин Зидан немаше неколкумина стандардни првотимци.

Кралскиот клуб без Кристијано Роналдо, Герет Бејл, Серхио Рамос, Пепе лесно ја совлада Севилја со 3-0.
Натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“ беше решен во првото полувреме, двократен стрелец беше Џејмс Родригес, а еден гол даде Рафаел Варан.
И Андалузијците играа во комбиниран состав, но тука беа носителите на играта: Рами, Меркако, Ибора, Нзонзи, Витоло, Насри, Гансо...
На половина пат до четврт-финалето е и Реал Сосиедад, по победата над Вилјареал со 3-1 на „Аноета“, со погодоците на Вилијан Хосе, Карлос Вела и Ојарзабал, додека Тригерос им ја врати надежта на гостите намалувајќи го резултатот.
Нисколигашите Алкоркон и Кордоба одиграа без голови во предградието на Мадрид, па реваншот ќе одлучи кој ќе се пласира понатаму.

Најнови вести