Корисничко име Лозинка Пријави се
05.1.2017

Конте: Штета што ја прекинавме низата

Антонио Конте, менаџерот на Челзи, изјави дека е штета што неговиот тим ја прекинал серијата победи против Тотенхем (2-0), но и дека такво нешто било очекувано.

„Петлите“ на „Вајт харт лејн“ ги победија „сините“ со 2-0, со головите на Деле Али во 45+1 и во 54-тата минута, па со тоа го оставија Челзи на 13 последователни победи во Премиер лигата, што е за една помалку од рекордот кој го држи Арсенал.
„Штета што не ја продолживме победничката низа, но Тотенхем е многу добра екипа, силна екипа, која сигурно до самиот крај на првенството ќе се бори за титулата. Знаевме дека може да се случи вакво нешто против нив“, изјави Конте.
Првенството е на половина, а по 20-тото коло, Челзи и понатаму има солидна предност над Ливерпул од пет бодови, како и седум бодови повеќе од Тотенхем и од Манчестер сити.
„Ние работиме напорно и поради тоа сме на врвот на табелата. Гледам голем напредок во однос на минатата сезона. Сега е важно да се рестартираме. По 13 победи по ред, тешко е да се прифати поразот, но ова е фудбал, и ние мораме да сфатиме дека изгубивме од одлична екипа“, изјави пофални зборови за Тотенхем менаџерот на Челзи.
Викендов следува пауза во Премиер лигата, но не и за англиските клубови, бидејќи на распоредот се натпреварите во ФА купот. Челзи во недела, од 16 часот игра против Питерборо, додека Тотенхем еден час подоцна ја дочекува Астон вила.

Најнови вести