Корисничко име Лозинка Пријави се Одјава
  • БОЈА:
05.01.2017

Али: Ова беше голем натпревар за Тотенхем

Деле Али, јунакот на големата победа на Тотенхем над градскиот ривал Челзи со 2-0 за прекин на низата од 13 последователни победи, изјави дека натпреварот бил многу важен како за самиот клуб, така и за навивачите.

„Ова е голем натпревар. Мислам дека не постои никој кој нема да се согласи дека ова е голема работа за Тотенхем. За самиот клуб, но и за навивачите“, изјави Деле Али по завршувањето на натпреварот.
Двократниот стрелец беше, покрај асистентот кај двата гола Кристијан Ериксен, најзаслужен за победата и ја потврди одличната форма, со оглед на тоа дека ова му е седми гол во последните четири натпревари и  е прв фудбалер од средината на теренот кој постигнува по два гола на три натпревари по ред.
„Многу работи беа во игра вечерва, и тоа се виде од момчињата. Се боревме уште од означувањето на почетокот на натпреварот. Ова е голема работа за нас, среќни сме што останавме на радарот, но размислуваме само за првиот нареден натпревар. Како што правевме минатата сезона“, додаде Али.

Најнови вести