Корисничко име Лозинка Пријави се Одјава
  • БОЈА:
05.01.2017

Марко Силва нов тренер на Хал

Марко Силва е нов тренер на Хал. Поранешниот тренер на Есторил, Спортинг и Олимпијакос доби работа до крајот на сезоната.

Португалецот кој има 39 години ќе има тешка задача да ја задржи екипата во Премиер лигата, бидејќи по 20 одиграни кола, таа се наоѓа на последното место со 13 освоени бодови. Прв пат на клупата би требало да седи уште во саботниот дуел од ФА купот против Свонси, а наредните два натпревари ќе бидат посебно значајни - полуфиналето на Лига купот против Манчестер јунајтед и 21-вото коло на Премиер лигата на 14-ти јануари против Борнмут.
Мајкл Фелан беше сменет од клупата на Хал и покрај тоа што екипата на почетокот на сезоната забележа неочекувано добри резултати со него како привремен менаџер. Но, откако беше одлучено тој да биде трајно решение, тимот оствари само една победа.
Договорот на Марко Силва ќе му биде продолжен во случај ако опстане екипата во елитата, но има неколку објективни пречки со коишто ќе се соочи новиот менаџер. Тој е млад тренер, а сега прв пат ќе работи во Премиер лигата, англискиот јазик не му е на потребното ниво, а Хал е тим со голем број важни фудбалери од Британија.
Навивачите на Хал се во војна со сопственикот на клубот Асем Алам поради неговото однесување кон екипата и недостатокот на желба да ја засили. Неговите планови главно се врзани за продажба на клубот.

 

Најнови вести