Корисничко име Лозинка Пријави се
05.1.2017

Барселона го сака Клоп на клупата?

Челниците на Барселона планираат на крајот на сезоната да го ангажираат Јирген Клоп, тренерот на Ливерпул.

Шпанските и британските медиуми наведуваат дека екипата од „Камп ноу“ подготвила неморална понуда за Клоп, но и голема оштета за Ливерпул.
Луис Енрике, актуелниот тренер на Барселона, ќе го води каталонскиот клуб до крајот на сезоната.
„Тој со Барселона освои осум трофеи, но челниците на екипата од „Камп ноу“ не се задоволни од игрите на познатиот тим оваа сезона. Барселона моментно е втора во шпанското првенство со три бода помалку од Реал, но и со натпревар повеќе.
На еден од состаноците на челниците на клубот било одлучено да се тргне во потрага по нов тренер, кој на Барселона повторно би ѝ донел доминација во Шпанија, но и во Лигата на шампионите. Прв на листата на желби е Клоп, кој е тренер на Ливерпул од 2015 година. Германскиот тренер ќе добие понуда која тешко ќе може да ја одбие, но се наведува колкава плата би имал Клоп во Барселона.
Оштета би требало да добие и Ливерпул, кој ќе мора да побара нов менаџер.
Во случај Клоп да одбие да ја преземе Барселона, еден од кандидатите кој би можело да ја преземе екипата од „Камп ноу“ е Холанѓанецот Роналд Куман. Тој играше шест години за Барселона, а веќе беше помошен тренер во клубот, додека моментно го предводи Евертон.

Најнови вести