Корисничко име Лозинка Пријави се
06.1.2017

Петар Васиљевиќ ја презеде Осасуна

Петар Васиљевиќ е нов тренер на шпанската Осасуна, која само по осум одиграни натпревари, го отпушти Хоакин Капарос.

Васиљевиќ е спортски директор на клубот од Памплона, кој ќе го води до крајот на сезоната и ќе се обиде да избори опстанок во Ла Лига.
Осасуна е последна на табелата само со седум бодови од 16 натпревари.
Капарос на осум натпревари доживеа седум порази, откако го замени Енрике Мартин.
Васиљевиќ пет години играше за Партизан, пред да се пресели во Шпанија, каде што освен за Осасуна, настапуваше и за Албасете.
Потоа играше во Германија за Ален, а се пензионираше во 2004 година во Обилиќ. Нема многу тренерско искуство, од 2008 до 2010 година работеше во младите категории на Осасуна.

Најнови вести