Корисничко име Лозинка Пријави се
06.1.2017

Марес најдобар играч на Црниот континент

Ријад Марез, фудбалерот на Лестер, понесе уште едно важно одликување.

Марез најпрво од страна на Би-би-си беше прогласен за најдобар африкански фудбалер за 2016 година, а сега тоа признание го доби и од Африканската фудбалска конфедерација.
Тој собра 361 глас, што е за 48 гласови повеќе од тие што ги доби Пјер-Емерик Обамејанг.
На третото место се најде Садио Мане, фудбалерот на Ливерпул, со 186 гласови.
Марез во изминатата година демонстрираше дека е фудбалер од светска класа, прогласен е и за најдобар играч на Премиер лигата за сезоната 2015/16.
Што се однесува до наградата за најдобар млад играч, таа отиде во рацете на внукот на легендарниот Џеј-Џеј Окоча, Алекс Ивоби, фудбалерот на Арсенал.
Нигериецот наградата ја доби пред напаѓачот на Манчестер сити, Келечи Ихеаначо, кој е прогласен за момче кое ветува.

Најнови вести