Корисничко име Лозинка Пријави се
06.1.2017

Тим на годината во Лигата на шампиони: Рамос попопуларен од Роналдо и Меси

Посетителите на официјалната интернет-страница на УЕФА го избраа најдобриот тим на годината во Лигата на шампионите, а најмногу гласови доби Серхио Рамос, стоперот на Реал Мадрид.

За Рамос гласаа 488.908 посетители, а зад себе ги остави двајцата најдобри играчи на светот, Кристијано Роналдо (450.220) и Лионел Меси (418.449).
Најмногу гласови добија играчите на Реал Мадрид, 24 отсто, па Барселона со 16%, а потоа следуваат Манчестер јунајтед (6%), Јувентус (5%) и Арсенал (4%).
Идеалниот тим на Лигата на шампионите за 2016 година го сочинуваат: Џанлуиџи Буфон (Јувентус/Италија), Џером Боатенг (Баерн Минхен/Германија) Леонардо Бонучи (Јувентус/Италија), Серхио Рамос (Реал Мадрид/Шпанија), Жерар Пике (Барселона/Шпанија), Лука Модриќ (Реал Мадрид/Хрватска), Тони Крос (Реал Мадрид/Германија), Андрес Иниеста (Барселона/Шпанија), Антоан Гриезман (Атлетико Мадрид/Франција), Лионел Меси (Барселона/Аргентина), Кристијано Роналдо (Реал Мадрид/Португалија).
Поголемиот број гласачи се на возраст од 18 до 24 години, дури 62 отсто, а 28 % се од 25 до 34 години. Гласале повеќе од седум милиони посетители на интернет-страницата, од кои речиси половината се од Европа, а 25% се од Азија.

Најнови вести