Корисничко име Лозинка Пријави се
07.1.2017

Реал на чекор до рекордот на Барса

Зинедин Зидан, тренерот на Реал Мадрид, изјави дека е воодушевен од тоа што неговиот тим има шанса да го престигне рекордот на Барселона од 39 натпревари без пораз во сите натпреварувања.

Реал моментно е на 38, а рекордот може да го изедначи денес, кога на „Сантијаго Бернабеу“ гостува Гранада.
„Изедначувањето на тој рекорд ни е најважно, секако. Се обидуваме да уживаме во она што го работиме“, изјави Зидан, чиј тим е прв на табелата со три бода повеќе и натпревар помалку од Барселона.
„Земајќи го предвид начинот на којшто се подготвуваме и трудот кој го вложуваме, се надевам дека можеме да продолжиме со победите“, додаде Зидан.
Последниот пораз Реал го доживеа во четврт-финалето од Лигата на шампионите од Волфсбург – во реваншот го надополнија и потоа повторно станаа шампиони на Европа.
Токму Реал ја прекина низата на Барселона од 39 натпревари без пораз, и тоа со победата од 2-1 на „Камп ноу“ со головите на Роналдо и Бензема.

Најнови вести