Корисничко име Лозинка Пријави се
07.1.2017

Младите ракометари на Македонија се пласираа на СП во Алжир

Младата ракометна репрезентација на Македонија ја совлада селекцијата на Турција со 39-19 и со тоа обезбеди пласман на Светското првенство во Алжир, како првопласирана во групата три што се играше во Скопје, и тоа само со подобра гол-разлика пред втората Португалија.

Македонските ракометари по вчерашното реми мораа да победат со разлика од најмалку 19 голови против аутсајдерот поради Португалија, која славеше со 34-21 против Полска.
Најдобар стрелец во нашиот состав беше Мице Шилегов со десет голови, девет гола даде капитенот Талески, седум Давор Палевски, четири погодоци постигна Арсеновски, а во листата на стрелците се запишаа и Нелоски и Велковски со по три погодоци. Димитриоски беше стрелец на два погодока, а Крстевски даде еден.

Најнови вести