Корисничко име Лозинка Пријави се
09.1.2017

Билиќ има уште две шанси

Челниците на Вест хем ќе му дадат на менаџерот Славен Билиќ уште две шанси за да се искупи по низата лоши резултати.

Последен беше поразот од Манчестер сити со 5-0 во третото коло на ФА купот.
Хрватскиот стручњак е под притисок од почетокот на сезоната, со оглед на тоа што неговата екипа имаше очаен старт и никако да стигне до горната половина на табелата во Премиер лигата.
„Чеканите“ по трите врзани победи, нанижаа три порази, а раководните лица полека го губат трпението за променливите партии на Вест хем.
Лондонскиот тим во наредното коло на Премиер лигата го дочекува Кристал палас, потоа гостува кај Мидлсборо, а на почетокот на февруари ќе одигра уште една средба со Манчестер сити, до кога би требало да биде позната судбината на Билиќ на клупата на „чеканите“.
Вест хем се наоѓа на 13-тото место на табелата со 22 освоени бода, шест победи, четири ремија и десет порази.

 

Најнови вести