Корисничко име Лозинка Пријави се
09.1.2017

Тимот на Клоп најмлад во историјата на клубот

Јирген Клоп, менаџерот на Ливерпул, на натпреварот од ФА купот против Плимут го изведе најмладиот тим во историјата на клубот.

Тој на теренот испрати екипа која во просек имаше 21 година и 296 дена.
„Ги избрав овие играчи бидејќи сакам да се пласирам во следното коло. За мене, ова е голема шанса за овие момци. Многумина од нив едвај чекаа да заиграат и многу се возбудени“, изјави Клоп пред натпреварот со Плимут.
Но, таа млада екипа не успеа да го совлада четворолигашот на „Енфилд роуд“, па на крајот натпреварот беше завршен без голови.
Иако „црвените“ имаа целосна доминација на оваа средба и во првото полувреме дури 81% ја поседуваа топката, сепак не успеаја да победат, па Ливерпул патот до четвртото коло ќе го бара во реваншот на стадионот на Плимут.

Најнови вести