Корисничко име Лозинка Пријави се
09.1.2017

Енрике и Суарес: Не е фер...

Луис Енрике, тренерот на Барселона и напаѓачот Луис Суарес изјавија дека сметаат дека нивната екипа заслужила да го победи Вилјареал во 17-тото коло на Примера лигата.

Каталонците со мајсторскиот гол на Лионел Меси од слободен удар во 90-тата минута дојдоа до бод (1-1) и зад водечкиот Реал Мадрид, кој има и натпревар помалку, заостануваат со пет бодови.
„Барселона заслужи повеќе. Требаше да ги освоиме сите три бода. Фудбалот не е секогаш фер. Ништо не им забележувам на своите играчи, бидејќи одигравме одличен натпревар. Вилјареал е квалитетна екипа, која има свој стил и добро работи со топката и без неа“, изјави Енрике.
Уругвајскиот напаѓач изјави дека и покрај третото реми во последните пет натпревари, трката зад титулата не е завршена.
„Изгубивме два бода, но патот сè уште е долг. Покажавме добро ниво на фудбал и имаме чувство дека требаше да победиме. Резултатот не е сосема фер. Имавме многу шанси, но тоа е фудбалот. Мора да продолжиме да работиме“, изјави Суарес.

Најнови вести