Корисничко име Лозинка Пријави се
09.1.2017

Озил: Ако остане Венгер, останувам и јас

Месут Озил, плејмејкерот на Арсенал, изјави дека ќе остане во клубот ако остане и менаџерот Арсен Венгер.

Неговиот договор му истекува во 2018 година, па се шпекулира дека би можело наскоро да го напушти клубот.
„Многу сум среќен во Арсенал, подготвен сум да потпишам нов договор. Сè останува на клубот. Клубот, исто така, знае дека и сакам да знам каква ќе биде ситуацијата со менаџерот во иднина“, изјави Германецот.
Тиери Анри, легендата на Арсенал, го обвини Озил дека го уценува клубот.
„Секој има право на свое мислење. Не ме интересираат таквите изјави, не влијаат врз мене. Поранешните играчи не знаат каква е вистинската ситуација меѓу мене и клубот“, додаде Озил.

 

Најнови вести