Корисничко име Лозинка Пријави се Одјава
09.01.2017

Мело направи трансфер во Палмеирас

Палмеирас ја прослави титулата шампион на Бразил, но веќе размислува на тоа како да го засили тимот.

Триесет и тригодишниот Фелипе Мело во редовите на „зелените“ направи трансфер од Интер од Милано, каде што не успеа да се наметне.
Мело во Интер стигна од Галатасарај, а 33-годишниот фудбалер никогаш не успеа да го тргне товарот на еден од најпроблематичните фудбалери на денешницата.
Мело, кој најчесто игра на позицијата дефанзивен играч за врска, потпиша тригодишен договор со Палмеирас.

Најнови вести