Корисничко име Лозинка Пријави се
10.1.2017

Реал го позајми Едегор на Херенвен

Мартин Едегор, напаѓачот на Реал Мадрид и еден од најталентираните фудбалери на светот, е испратен на заем во Херенвен до крајот на сезоната.

Холандскиот клуб на својата официјална интернет-страница го потврди ангажирањето на 18-годишниот Норвежанец, кој во Херенвен доаѓа од Кастилја, младиот тим на шпанскиот гигант.
Мадриѓаните доколку сметаат дека ќе им биде потребен, на крајот на сезоната ќе може да го вратат Едегор во своите редови.
Младиот норвешки фудбалер во Реал направи трансфер во јануари 2015 година од Стромсгодсет за четири милиони евра.
Скандинавецот во клубот од „Сантијаго Бернабеу“ заработува 2,5 милиони евра по сезона, што е повеќе од платата на некои играчи во првата екипа на Реал Мадрид.

Најнови вести