Корисничко име Лозинка Пријави се Одјава
10.01.2017

Ждрепка за ФА куп: Арсенал доби најтежок противник

Извлечени се паровите за четвртото коло на ФА купот, а англиските премиерлигаши имаа доста среќа во ждрепката.

Најтешка работа би требало да има Арсенал, кој ќе се сретне со подобриот од средбата меѓу Саутхемптон и Норвич.
Манчестер јунајтед ќе го дочека Виган, Тотенхем Викомб, додека Манчестер сити ќе игра против победникот од дуелот меѓу Кристал палас и Болтон.
Екипата на Антонио Конте на „Стемфорд бриџ“ ќе го одигра лондонското дерби против Брентфорд, а Ливерпул доколку го победи Плимут, ќе го дочека Вулверхемптон.
Голем број од натпреварите од третото коло треба допрва да се одиграат, бидејќи многу средби се завршени со нерешен резултат.

Парови за четвртото коло на ФА купот:
Тотенхем – Викомб
Дерби каунти – Лестер
Оксфорд – Њукасл/Бирмингем
Вимблдон/Сатон – Кембриџ/Лидс
Плимут/Ливерпул – Вулверхемптон
Саутхемптон – Норвич/Арсенал
Линколн/Ипсвич – Брајтон
Челзи – Брентфорд
Манчестер јунајтед – Виган
Милвол – Ватфорд
Рочдејл – Хадерсфилд
Барнли/Сандерленд – Флитвуд/Бристол
Блекбурн – Блекпул
Фулам – Хал
Мидлсборо – Акрингтон Стенли
Кристал палас/Болтон – Манчестер сити

Најнови вести