Корисничко име Лозинка Пријави се Одјава
  • БОЈА:
10.01.2017

Раниери тренер број 1 за 2016 година

За најдобар тренер на 2016 година е прогласен Италијанецот Клаудио Раниери, кој со Лестер го освои англискиот шампионат и ја испиша историјата на Премиер лигата.

„Ова е фантастична вечер за мене, прво да бидам овде, во друштво на легендите, а потоа и да ја примам оваа награда. Сега сум луд, многу луд, ви благодарам многу што гласавте за мене“, изјави возбудено Раниери на свеченоста во Цирих.
Италијанецот потоа додаде.
„Би сакал да им се заблагодарам на своето семејство, на сопругата, на менаџерот, на играчите, на навивачите. Без нив тешко дека ќе го освоев ова признание. Она што се случи во Англија минатата сезона е нешто неверојатно, нешто необично. Богот на фудбалот рече ’Лестер мора да победи’“, додаде Раниери во еуфорично расположение по добивањето на наградата која ја доделува ФИФА.
Најдобра фудбалерка на светот минатата година е Американката Карли Лојд, а за најдобар женски тренер е прогласена селекторката на Германија, Силвија Најд.
Во гласањето за најдобрите награди на ФИФА учествуваа капитени и селектори на светски репрезентации (по 25 отсто од гласовите), акредитирани новинари (25 проценти) и навивачите преку Интернет.

Најнови вести