Корисничко име Лозинка Пријави се Одјава
  • БОЈА:
10.01.2017

Кристијано Роналдо е најдобар на светот

Кристијано Роналдо, ѕвездата на Реал Мадрид и на селекцијата на Португалија, е прогласен за најдобар фудбалер во 2016 година, во изборот на Меѓународната фудбалска федерација.

Португалецот кој минатата сезона ја освои Лигата на шампионите со Реал и Европското првенство со репрезентацијата ги победи Лионел Меси, неговиот голем ривал и ѕвезда на Барселона, и Антоан Гриезман, фудбалерот на Атлетико Мадрид.
„Тоа што го добив ова признание е голема работа. Ова за мене е прво признание од овој вид. Морам да им се заблагодарам на сите соиграчи од Реал, на мојот тренер, но и на моите ривали, како и на моето семејство. Без вашата поддршка не би успеал да го освојам сето ова во 2016 година. Никогаш нема да ја заборавам таа неверојатна година, тоа е најсреќната година за мене во животот“, изјави Роналдо.
ФИФА го прогласи и тимот на годината: Мануел Нојер, голманот на Баерн Минхен, Дани Алвес, дефанзивниот играч на Јувентус, играчите на Реал Мадрид, Серхио Рамос и Марсело, како и Жерар Пике од Барселона. Во редот за врска се Тони Крос и Лука Модриќ од Реал Мадрид, односно Андрес Иниеста од Барселона, додека во нападот Лионел Меси и Луис Суарес од Барселона, како и фудбалерот на Реал, Кристијано Роналдо.
Специјалната награда за извонредна кариера ја доби бразилскиот мајстор во мал фудбал Фалкао.
Наградата Пушкаш за најубав гол во 2016 година ја доби Малезиецот Мохд Фаиз Субри, за погодокот на натпреварот меѓу неговиот Пенанг против Паханг во малезиската Суперлига.
Колумбискиот Атлетико Насионал ја доби наградата за фер плеј, бидејќи предложи трофејот во Копа Судамерикана да го добие бразилскиот Шапекоенсе, чиј речиси цел тим загина во авионска несреќа.
Светската фудбалска федерација ги прогласи навивачите на Борусија Дортмунд и на Ливерпул за најдобри во 2016 година. Тие заедно на натпреварот од четврт-финалето на Лигата на Европа на стадионот на „Енфилд роуд“ ја пееја познатата песна "You'll Never Walk Alone".

Најнови вести