Корисничко име Лозинка Пријави се
10.1.2017

Жиру пред нов договор со Арсенал

Како што пренесуваат англиските медиуми, сè е завршено околу потпишувањето на новиот договор со Французинот.

Оливие Жиру, францускиот репрезентативец и член на Арсенал, наскоро ќе потпише нов договор со екипата на Арсен Венгер, пренесуваат англиските медиуми.
Овој 30-годишен напаѓач игра во одлична форма, на Арсенал му донесе голем број бодови, иако главно во игра влегуваше од клупата.
Жиру е само еден од фудбалерите со коишто Арсен Венгер сака да го продолжи договорот, Наводно, вкупно се десетмина, меѓу кои се Месут Озил и Алексис Санчес.
„Луѓето зборуваат дека сум потпишал нов договор. Немам, но наскоро можеби ќе потпишам“, изјави со насмевка на лицето Оливие Жиру.

Најнови вести