Корисничко име Лозинка Пријави се Одјава
  • БОЈА:
10.01.2017

Карлос: Зидан ќе биде најдобар тренер на светот

Легендарниот Бразилец Роберто Карлос изјави дека смета дека неговиот поранешен соиграч Зинедин Зидан во иднина ќе стане најдобар тренер на светот.

Зидан го наследи Рафаел Бенитес на клупата на Реал во јануари минатата година и ги освои Лигата на шампионите и Светското клупско првенство, а екипата моментно е во серија од 39 натпревари без пораз.
Зи-Зу беше во потесниот избор за тренер на годината во изборот на ФИФА, но наградата ја доби Клаудио Раниери, кој со Лестер стана шампион на Англија.
„Погледнете ги бројките, јас не мора ништо да кажам, нема многу тренери коишто го направиле тоа што го направи тој за една година. Му ја посакувам целата среќа, тој работи многу добро – едноставно и модерно. Стручниот штаб му помага многу и е подготвен да биде најдобриот тренер на светот во иднина“, изјави Карлос, кој со Зидан беше пет години соиграч во Реал.
Карлос изјави дека Кристијано Роналдо заслужил да биде прогласен за играч на годината.

Најнови вести