Корисничко име Лозинка Пријави се
11.1.2017

Јоветиќ претставен во Севилја

Стеван Јоветиќ и официјално е претставен како играч на шпанската Севилја, како играч на заем од Интер за клубот од Андалузија ќе игра до лето.

Севилја има право да го откупи договорот на Јоветиќ во јуни.
На претставувањето беше изјавено дека интерес за репрезентативецот на Црна Гора постои уште од 2006 година, кога на седумнаесетгодишна возраст бил забележан на турнирот на младинските селекции.
Јоветиќ, кој по две сезони поминати во Партизан, пет во Фиорентина, две во Манчестер сити и една во Интер и кој има вкупно четири трофеи, двојната круна со „црно-белите“ и два трофеи на Островот со „граѓаните“, е значајно засилување за минатогодишниот освојувач на Лигата на Европа и учесник во осминафиналето на Лигата на шампионите оваа сезона.
„Прифатив да дојдам во Севилја бидејќи тоа е голем клуб, учесник во Лигата на шампионите, со добар тим. Има одличен тренер“, изјави Јоветиќ и додаде дека разговарал со Насри, кој му рекол дека доаѓа во клуб со одлична , семејна атмосфера.
Севилја во осминафиналето на Лигата на шампионите игра со Лестер, во Примера лигата по 17 одиграни натпревари се наоѓа на второто место, а во Кралскиот куп е пред елиминација, по поразот од Реал (4-0) во првиот натпревар од осминафиналето.
Јоветиќ оваа сезона за Интер одигра само пет натпревари, а на теренот нема излезено од 20-ти ноември минатата година на ремито со Милан.

Најнови вести