Корисничко име Лозинка Пријави се
11.1.2017

УЕФА го исфрли Партизан на една година

Европската фудбалска унија му забрани на фудбалскиот клуб Партизан да игра во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа во првата од трите сезони во коишто се пласира во тоа натпреварување.

Како што објави агенцијата АП, суспензијата од три години важи само условно.
Во одлуката на УЕФА се наведува дека „црно-белите“ имаат долг од 2,5 милиони евра, а најголем дел од тој долг е кон државата за данок и придонеси.
Казната од три години невообичаено е строга, но УЕФА во образложението наведе дека тоа било неопходно бидејќи Партизан три пати во последните пет години ги прекршил правилата за долговите.
Понатаму се наведува дека околностите се многу слични со последниот случај на долгот на Партизан од 2013 година, кога „црно-белите“ беа условно суспендирани на една година, како и тоа дека строгата казна е соодветна и дека би требало да има превентивно дејство.
Како што е изјавено за „Спорт клуб“ од Партизан, долгот изнесува околу 360.00 евра и ќе биде платен до крајот на јануари.

Најнови вести