Корисничко име Лозинка Пријави се
12.1.2017

Кралскиот куп: Меси од слободен удар за четврт-финалето

Екипата на Барселона се пласира во четврт-финалето на Кралскиот куп со победата во реванш-средбата над Атлетик Билбао – 3-1 (1-0).

Барса уште на полувремето, по погодокот на Луис Суарес во 35-тата минута, го надополни заостанувањето од првиот натпревар во Баскија (2-1), а воедно и имаше резултат којшто ја води понатаму, но гостите не се предаваа.
Нејмар да Силва беше сигурен од пеналот само по три минути игра во продолжението, но потоа следуваше одговор од Баскијците со погодокот на Енрик Саборит во 51-вата минута.
Билбао имаше неколку шанси целосно да ја преземе контролата и да ја стави Барса во позиција да мора да постигне два погодока за да се пласира понатаму, но тогаш на сцената уште еднаш стапи неверојатниот Лионел Меси.
Аргентинецот, кој само пред неколку дена му донесе бод на својот тим во продолжението на натпреварот против Вилјареал на „Ел Мадригал“, со одличниот гол од слободен удар, повторно беше прецизен од слободен удар.
Овој пат го фати „на крива нога“ Горка Ираисос, бидејќи голманот на гостите прерано тргна од својот агол, а топката од стативата се одби зад неговиот грб.
Претходно во текот на вчерашниот ден, Реал Сосиедад одигра 1-1 со Вилјареал како гостин и со тоа ја сочува предноста од 3-1 од првиот натпревар, додека Алкоркон против Кордоба, во дуелот меѓу двата второлигаши, исто така славеше како гостин со 2-1 и се пласира понатаму. Во првиот натпревар немаше голови.
Во четврт-финалето се пласира и Алавес, елиминирајќи ја Ла Коруња со две ремија. По 2-2 во Ла Коруња, пред своите навивачи одигра 1-1, па пласманот им го донесе правилото голови во гости.

 

Најнови вести