Корисничко име Лозинка Пријави се
12.1.2017

Реал ќе ги одмори Роналдо и Модриќ во Купот

Зинедин Зидан, тренерот на Реал Мадрид, изјави дека одлучил да ги одмори првотимците Лука Модриќ и Кристијано Роналдо на вечерашниот натпревар од шпанскиот Куп против Севилја.

Роналдо не играше ниту во првата средба меѓу двата клуба во Кралскиот куп, кој тимот од Мадрид ја доби со 3-0. Португалецот потоа, викендот, постигна еден гол во победата на Реал над Гранада од 5-0, а во понеделникот ја прими наградата на ФИФА за најдобар фудбалер на годината. Од друга страна, Модриќ ги одигра двата натпревара, но сепак ќе го пропушти патувањето во Андалузија.
Зидан изјави дека одлучил дека не мора премногу да ги замори двата стандардни играчи, а нема да може да смета на Џејмс Родригес, кој е повреден.
„Џејмс почувствува болка во ногата и не сакаме да ризикуваме. Мислам дека е ситница, но секогаш сме внимателни. И понатаму имаме многу натпревари до крајот на сезоната. Нема да ризикуваме“, изјави Зидан.
Натпреварот против Севилја нема да го игра ниту Иско, поради мала повреда, како ниту Пепе и Бејл, коишто се подолго отсутни. Добри вести за Реал се дека на теренот се враќаат Серхио Рамос, Лукас Васкез и Матео Ковачиќ.

Најнови вести