Корисничко име Лозинка Пријави се
12.1.2017

Паје одбива да игра, Билиќ не сака да го продаде

Дмитри Паје му прави проблеми на Славен Билиќ, менаџерот на Вест хем, само што „чеканите“ врзаа неколку добри резултати.

По серијата од три победи, следуваа два последователни порази, а причината за тоа може да се пронајде токму во францускиот фудбалер.
Клучниот играч на лондонскиот тим одбива да игра бидејќи сака да си оди, а Билиќ не сака да го продаде. Паје не се знае до кога нема да тренира со првиот тим, па со самото тоа нема ни да игра, прво на локалното дерби против Кристал палас во сабота.
„Имам проблеми со еден играч. Тоа е Дмитри Паје. Тој сака да си оди. Ние веќе рековме дека нема да ги продаваме најдобрите играчи, но Паје не сака да игра за нас. Сепак, нема да го продадеме“, изјави Билиќ.
Паје во февруари минатата година го продолжи договорот со Вест хем до 2021 година, а за него се заинтересирани Манчестер јунајтед, Арсенал, како и поранешниот клуб Олимпик Марсеј, кој наводно му понудил 40 милиони евра.
Французинот оваа сезона во Премиер лигата постигна два гола и имаше шест асистенции, а Вест хем е 13-ти на табелата.

Најнови вести