Корисничко име Лозинка Пријави се
13.1.2017

Калдара од Аталанта во Јувентус за 25 милиони евра

Матија Калдара, стоперот на Аталанта, потпиша петгодишен договор со Јувентус вреден 25 милиони евра, но ќе остане на заем во Бергамо уште една и пол сезона.

Јувентус соопшти дека трансферот ќе го плати 15 милиони евра, а дека бонусите од шест милиони и стимулациите од четири милиони евра ќе ги исплати во текот на престојот на Калдара во Аталанта.
Клубот од Торино сака 22-годишниот Калдара да биде еден од главните дефанзивни играчи кој на вистински начин би можел да замени играчи какви што се: Џорџо Кјелини, Андреа Барцаљи и Леонардо Бонучи.
Поради бројните играчи од својата школа за фудбал, Аталанта оваа сезона е едно од најголемите изненадувања, бидејќи по 19 одиграни кола, таа се наоѓа на шестото место на табелата со 11 победи.
Аталанта пред два дена на Интер му го продаде Роберто Галјардини за 28 милиони евра.

Најнови вести