Корисничко име Лозинка Пријави се
13.1.2017

Нов шпански рекорд – Реал 40 натпревари без пораз!

Фудбалерите на Реал Мадрид синоќа го соборија рекордот на Барселона откако врзаа четириесет натпревари без пораз.

Актуелниот шампион на Европа го постави новиот шпански рекорд според бројот на натпревари на коишто еден тим останал непоразен.
До синоќа Барселона и Реал Мадрид го држеа рекордот со по 39 натпревари без пораз, а разликата ја направи погодокот на Карим Бензема во продолжението на времето на дуелот со Севилја.
Кралскиот клуб стана рекордер со 40 натпревари без пораз откако последен пат капитулираше на гостувањето на Волфсбург во април 2016 година во четврт-финалето на Лигата на шампионите.
Во текот на претходните 40 натпревари во сите натпреварувања, Мадриѓаните остварија 31 победа и девет ремија, а постигнаа 115 погодоци и примија 39.
Досегашните рекордери остварија низа од 39 натпревари без пораз од октомври 2015 до март 2016 година.

Најнови вести