Корисничко име Лозинка Пријави се
14.1.2017

Португалскиот тим доведе 24-ца играчи оваа сезона

Португалскиот прволигаш Тондела доведе дури 24 засилувања во тековната сезона 2016/17.

Последен во низата е бразилскиот напаѓач Елијардо, којшто потпиша едногодишен договор со тимот од централниот дел на земјата.
Тондела минатата сезона за прв пат стигна до елитниот ранг на португалскиот фудбал, избегна испаѓање за еден бод, а во тековната сезона е последна само со девет бода од 16 натпревари, четири помалку од ривалот од сигурната зона.
Клубот речиси сите играчи коишто стигнаа ги доведе како слободни или на заем, а не е позната историјата на неколку трансфери.
Просечната старост на тие фудбалери е 23,5 години, а нивната пазарна вредност се проценува на речиси девет милиони евра.

 

Најнови вести