Корисничко име Лозинка Пријави се
14.1.2017

Коста ја уништува шампионската атмосфера во Челзи

Антонио Конте, менаџерот на Челзи, за натпреварот со Лестер го исфрли од екипата најдобриот стрелец Диего Коста по судирот на напаѓачот со тренерот Хулио Тоус.

Шпанецот со бразилско потекло не тренираше оваа седмица, па нема ниту да патува во Лестер на гостувањето на лидерот на Премиер лигата кај актуелниот шампион.
Оваа вест се појави непосредно по шпекулацијата дека Коста има понуда од Кина вредна околу 30 милиони евра годишно.
Тој оваа сезона постигна 14 голови и пет асистенции, а Челзи одби да ги коментира наводите на англиските медиуми, меѓу кои е и Би-би-си.
Коста дојде на „Стемфорд бриџ“ во 2014 година од Атлетико Мадрид за 35 милиони евра, а по тешката сезона 2015/16, во текот на која најавуваше враќање во Шпанија, се прероди со доаѓањето на Конте.
Неговиот договор му истекува летото 2019 година, а сопственикот Роман Абрамович нема намера да го пушти во Кина, како Оскар и Џон Оби Микел, коишто неодамна се преселија од Челзи во најмногубројната земја во светот.

Најнови вести