Корисничко име Лозинка Пријави се
14.1.2017

Убедливо со Ангола, две од две победи на СП

Македонската ракометна репрезентација на вториот настап ја забележа и втората победа на Светското првенство во Франција со 30:21 против Ангола.

Македонија забележа две победи против африканските репрезентации на стартот од Светското првенство во Франција, овој пат полесно ја совладаа Ангола со девет голови разлика.
Натпреварот не почна така лесно и Анголците добро се држеа во првите две третини од првото дел и имаа 9:9, но во финишот квалитетот на Македонија дојде до израз и со серија од 5:0 по првиот дел имавме предност од 14:9.
Во второто полувреме македонските репрезентативци почнаа малку поопуштено и Ангола со серија од 3:0 дојде до заостанување од два гола, но во продолжението Македонија го засили ритамот и до крајот направи девет гола предност за конечни 30:21.
Поради големата предност селекторот Лино Червар им даде поголема минутажа на дебитантите на ова Светско првенство и малку да ги поштеди поискусните играчи.
Капитенот Кире Лазаров со десет голови повторно беше најефикасен во македонската репрезентација, а одлични беа голманите Кирил Колев и Благојче Трајковски кој во финишот од мечот постигна и два гола.
По стартните две победи Македонија е речиси во осминафиналето, следниот натпревар е во понеделник против Словенија со почеток од 17:45 часот.

Најнови вести