Корисничко име Лозинка Пријави се
16.1.2017

Сенегал подобар од Тунис, Марез го спаси Алжир

Фудбалерите на Сенегал вчера го победија Тунис со 2-0 во првото коло од групата Б на Купот на африканските нации во Габон, а ова е прва победа на турнирот по три одиграни натпревари.

Сенегал е еден од фаворитите на турнирот, а двата гола ги постигна во првото полувреме по прекин. Садио Мане во десеттата минута го искористи пеналот, а во 30-тата Кара Мбоџ по корнерот со глава ја удвои предноста.
Сенегал потоа не создаде ниту една единствена шанса, додека Тунис во второто полувреме напаѓаше и создаваше шанси, а во продолжението на времето Таха Кениси имаше идеална можност да постигне гол, но не успеа.
Претходно вчера Алжир како фаворит не успеа да го совлада Зимбабве, иако поведе со голот на Ријад Марез во 12-тата минута,а до полувремето ривалот направи пресврт на 2-1 со головите на Кудакваше Махачи во 17-тата и на Њаша Мушекви од пенал во 29-тата минута. Алжирците ги спаси Марез со новиот погодок во 82-рата минута.
Во саботата се одиграа првите натпревари, кога средбите Буркина Фасо – Камерун и Габон – Гвинеја Бисао беа завршени со резултат 1-1.

Најнови вести