Корисничко име Лозинка Пријави се
16.1.2017

Мурињо: Забавно, не и квалитетно, заслуживме повеќе

Жозе Мурињо изјави дека не е задоволен со освоениот бод во дуелот со Ливерпул и смета дека неговиот тим заслужил да победи во големото дерби.

Двата ривали во јубилејниот 50-ти премиерлигашки дуел одиграа без победник (1-1), а Јунајтед до бодот дојде во самиот финиш, со голот на Златан Ибрахимовиќ.
„Беше забавно. Морам да се согласам, но не толку квалитетно. Двата тима можат многу подобро од ова“, изјави Мурињо.
„Но беше многу забавно, бидејќи создававме шанси пред нивниот гол. Тие беа добри во одбраната и сигурно е добро да се гледаат нивните дефанзивни способности. Го променивме нашиот начин на игра бидејќи Ливерпул беше одличен во пресингот. Се одлучивме за директен пристап и им создадовме многу проблеми. Ние бевме тимот кој напаѓа, тие беа тој којшто се брани. Освоениот бод е нешто што мораме да го прифатиме, иако мислам дека заслуживме повеќе. Тие ја прекинаа нашата серија на победи, но не ја прекинаа нашата низа без пораз“, изјави менаџерот на Јунајтед.

Најнови вести