Корисничко име Лозинка Пријави се
16.1.2017

Севилја ја прекина серијата на Реал Мадрид

Со вториот гол на Јоветиќ на исто толку натпревари со Реал ја прекина фантастичната серија на кралскиот клуб од 40 натпревари без пораз и ѝ донесе триумф на Севилја од 2-1.

Во првото полувреме немаше големи возбудувања, имаше само мал број конкретни шанси, па на паузата резултатот беше 0-0.
Во вториот дел од натпреварот, Реал почна значително опасно, блиску до прв погодок беше во 63-тата минута, но Бензема по двата обида не успеа да го совлада Серхио Рико.
Само две минути подоцна, голема грешка во одбраната направи Маријано, Карвахал му ја украде топката и се најде во дуел еден на еден со Рико. Чуварот на мрежата на Севилја во обидот да ја удри топката, го собори играчот на Реал, а судијата покажа кон белата точка.
Прецизен од 11 метри беше Кристијано Роналдо, постигнувајќи го 23-тиот гол во дуелите со Севилја. Но, потоа следуваше фантастичен пресврт на домаќинот.
Влегувањето на Стеван Јоветиќ по голот на Реал, излезе како пресуден момент на натпреварот. На Севилја ѝ се исплати трудот во 84-тата минута, кога Серхио Рамос се најде во обратна улога, и овој пат со автоголот од прекин беше кобен за својот клуб.
Во обидот да ја удри топката пред противничкиот играч, со глава го совлада Навас.
Врвот се случи во втората минута од продолжението. Витоло ја прекина акцијата на Реал, го ангажира Јоветиќ, кој од дваесет метри ја пласираше топката и го надмудри голманот на Реал.
Севилја со оваа победа заостанува само еден бод зад кралскиот клуб и ја зголеми неизвесноста во шампионската трка во Примера лигата.

Најнови вести