Корисничко име Лозинка Пријави се
16.1.2017

Срна ја одби Барселона: Моето срце му припаѓа на Шахтар

Хрватскиот фудбалер Дарио Срна изјави дека ја одбил понудата на Барселона и одлучил да остане во Шахтар.

Луис Енрике, тренерот на каталонскиот клуб, беше заинтересиран за капитенот на „рударите“, но живата легенда на Шахтар, чиј член е 13 години, ја одбил понудата на моќниот клуб.
Поранешниот капитен на хрватската репрезентација во 2003 година од Хајдук од Сплит направи трансфер во Шахтар, а за „рударите“ досега одигра 513 натпревари и постигна 49 голови.
„Останувам овде. Многу сум среќен поради таквата одлука. Моето срце му припаѓа на Шахтар. Го слушав срцето кое ми рече дека треба да останам во Донецк. Ја направив вистинската одлука, а понудата на Барселона нема да ја коментирам, тоа би било непрофесионално. Најважно е што сакам да останам“, изјави Срна.
Тој освои осум титули во Украина, шест трофеи во Купот, како и трофејот на Лигата на УЕФА 2009 година.

Најнови вести