Корисничко име Лозинка Пријави се
16.1.2017

Тевес: Во Кина бидејќи не сум сто отсто подготвен

Карлос Тевес неодамна стана најплатен фудбалер на светот, а причина за тоа е што тој не е максимално подготвен физички!

Аргентинецот од Шангај Шенхуа доби речиси 80 милиони евра за две години во Кина, а стигна од Бока јуниорс.
„Морам да бидам сто отсто подготвен бидејќи Бока е мојот најмил клуб. Заклучив дека не сум и ја прифатив понудата од Кина. Да бидеме реални, 38 милиони не се одбиваат“, изјави искрено Тевес.
Тој изјави дека повторно ќе се врати во Буенос Аирес.
„Имам 32 години и чувствувам дека стареам. Бока е мојот единствен клуб и чувствувам дека повторно ќе се вратам“, додаде Тевес.

 

Најнови вести