Корисничко име Лозинка Пријави се
16.1.2017

Робен како Рибери, во Баерн до 2018 година

Холандскиот фудбалер Арјен Робен го продолжи договорот со Баерн од Минхен до 2018 година и со тоа тргна по стапките на Франк Рибери, кој го направи тоа пред два месеца.

На Робен претходната соработка му истекуваше на крајот на оваа сезона, но одлучи дресот на баварскиот гигант да го носи до 34-тата година од животот, а со Французинот го сочинува одличниот тандем, популарниот „Робери“.
„Среќен сум што потпишав нова соработка со Баерн. Минхен за семејството и за мене е втора куќа, а Баерн најдобриот клуб на светот. Сакам да освојам што е можно повеќе титули“, изјави Робен за клупската интернет-страница.
Робен во Баерн дојде во 2009 година од Реал Мадрид и вкупно освои 15 трофеи, вклучувајќи ги петте титули во Бундеслигата и Лигата на шампионите.
Токму Холанѓанецот беше најзаслужен за последната европска шампионска титула на Баерн, кога во 2013 година, во финалето против Борусија од Дортмунд постигна гол за 2-1 во самиот финиш. Во текот на кариерата играше за Гронинген, ПСВ од Ајндховен и за Челзи.

 

Најнови вести