Корисничко име Лозинка Пријави се
17.1.2017

Гвардиола: Никогаш не сум примал олку голови

Хосеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер сити, изјави дека признава дека неговиот тим со тешкиот пораз од Евертон (4-0) многу се оддалечил од титулата.

Пеп додаде дека Челзи практично е пред славење на шампионската титула.
Сити на „Гудисон парк“ го доживеа најубедливиот пораз во последните девет години, а шпанскиот стручњак не можеше да сокрие дека сегашната ситуација му е најтешка во кариерата.
„Челзи има голема предност, десет бода се многу. Вториот ни бега за три бода, и тоа е достижно. Создаваме доста шанси, но имаме проблем во реализацијата. Таквите работи се проблем во главите на играчите, мораме понапорно да тренираме и да бидеме ментално посилни“изјави Гвардиола за „Скај спорт“.
Гвардиола додаде дека прв пат се сретнува со проблеми во одбраната, бидејќи „граѓаните“ примија дури 26 погодоци на 21 натпревар во англиското првенство.
„Имав неколку слични ситуации во минатото, но ниту една како оваа. Кога во осум години ќе освоите седум титули, навика е постојано да победувате. Морам да ја пронајдам вистинската солуција моите играчи повторно да почнат да победуваат. Среќен сум во Манчестер, но прв пат во кариерата примам многу голови. Тоа не ми се случувало, морам да ја пронајдам причината за тоа“, додаде Гвардиола.
Манчестер сити моментно е петти на табелата на Премиер лигата, а во наредното коло на „Етихад“ го дочекува второпласираниот Тотенхем.

 

Најнови вести