Корисничко име Лозинка Пријави се
17.1.2017

Матип одбил да игра за Камерун, нема да игра ниту за Ливерпул

Ливерпул би можело да остане без дефанзивниот играч Жоел Матип во наредните шест натпревари поради тоа што тој одби да игра за репрезентацијата на Камерун во Купот на африканските нации.

Матип одби да игра за репрезентацијата на Камерун на Купот на африканските нации откако се најде на прелиминарниот список на играчи за тоа натпреварување.
ФИФА наведе дека Матип без дозвола на Камерун не може да игра за „црвените“ до крајот на учеството на репрезентацијата на Купот на африканските нации.
„Можеме да потврдиме дека Ливерпул ја контактираше ФИФА околу тоа прашање и дека доби одговор во согласност со важечките прописи. Играчот кој е повикан во националниот тим, освен ако не е поинаку договорено, нема право да игра за клубот“, изјави портпаролот на ФИФА.
Доколку Камерун стигне до финалето, кое на програмата е на петти февруари, тогаш Матип ќе може да игра за Ливерпул дури на 11-ти февруари, во натпреварот против Тотенхем.
Матип ги пропушти претходните седум првенствени натпревари поради повреда на глуждот. Тој последен пат за репрезентацијата на Камерун играше во 2015 година.
Репрезентацијата на Камерун Купот на африканските нации го почна со реми со Буркина Фасо.

Најнови вести