Корисничко име Лозинка Пријави се
17.1.2017

Јувентус доби нов идентитет

Фудбалскиот клуб од Торино направи голема промена, од вчера има нов грб.

Петкратниот последователен шампион на Италија одлучи да го промени знакот за препознавање на клубот, новото лого ќе изгледа сосема поинаку.
Стариот грб беше на сила од основањето во 1897 година, што значи дека траеше цели 120 години.
Вчера во просториите на Националниот музеј на наука и технологија „Леонардо да Винчи“ во Милано е одржана церемонија на која е претставен новиот грб на италијанскиот и европски гигант.
Самиот настан беше затворен за јавноста, но на официјалната интернет-страница на „бјанконерите“ имаше пренос во живо од претставувањето на грбот.
Настанот е наречен „Black and White and More", а ја означува новата ера на „старата дама“.
Новиот идентитет на клубот од Торино ќе биде имплементиран во сите можни физички и дигитални форми до јуни оваа година.
Андреа Ањели, претседателот на Јувентус, на свеченоста во Торино изјави дека клубот на новиот грб работел една година.
„Претходната година се обидувавме да дознаеме што ново сака пазарот... Новиот грб симбол и на начинот на живот на Јувентус“, изјави Ањели.
На навивачите не им се допадна новото лого и отидоа и чекор понатаму, па се обидоа да пронајдат од каде им е инспирацијата на креаторите за новиот грб на Јувентус. И ја пронајдоа во Шпанија. Логото е речиси идентично со логото на фирмата „Ј. Ј. Карерас“, која е дистрибутер на пршута, колбаси и кулен во тамошните ресторани и хотели. Сега меѓу фановите на „црно-белите“ се води полемика дали во прашање е случајност или плагијат, но сепак сите во едно се согласни, новиот грб е лош избор.

Најнови вести