Корисничко име Лозинка Пријави се
18.1.2017

Казна за судијата Мајк Дин – од Премиер лигата во Шампионат

Познатиот англиски судија Мајк Дин е казнет поради контроверзните одлуки коишто ги носеше во изминатиот месец и поради тоа сега ќе ја суди втората лига на Англија.

Англискиот судија се најде во центарот на вниманието кога на натпреварот меѓу Манчестер јунајтед и Вест хем го исклучи Софијан Фегули, играчот за врска на „чеканите“, а комисијата го поништи црвениот картон кој во добра мера го услови натпреварот меѓу „чеканите“ и „црвените ѓаволи“.
На едно од најголемите дербија во Премиер лигата не го исклучи Рос Баркли, фудбалерот на Евертон, кој во 68-мата минута остро стартуваше над Џордан Хендерсон.
Дин ги судеше натпреварите од минатото коло на англискиот ФА куп меѓу Тотенхем и Астон вила, а следниот викенд ќе го суди дербито на Јоркшир меѓу Лидс и Барнсли.
Лидс моментно е трет на табелата на Шампионат лигата и има седум бодови помалку од првопласираниот Њукасл, додека Барнсли се наоѓа на десеттата позиција.

Најнови вести