Корисничко име Лозинка Пријави се
18.1.2017

ФА куп: Бентеке го одведе Кристал палас во четвртата рунда

Линколн во повторениот натпревар од третата рунда на ФА купот славеше со минимален резултат против Ипсвич, и тоа со голот во продолжението на средбата.

Кога делуваше дека ќе се играат продолженија, Нејтан Арнолд се снајде најдобро и постигна гол, со кој ѝ донесе голема победа на својата екипа и прв пласман во четвртата рунда од 1976 година.
Тогаш ги водеше познатиот Грем Тејлор, кој неодамна почина и му беше одадена почит пред почетокот на натпреварот. Во следната рунда Линколн ќе го дочека победникот на повторениот натпревар Брајтон – Хоув албион.
Во останатите повторени натпревари од третата рунда, Барни го победи Сандерленд, Бристол беше подобар со 1-0 од Флитвуд, Сатон на гостувањето кај Вимблдон победи со 3-1, Кристал палас по пресвртот извојува победа над Болтон од 2-1, со двата гола на Кристијан Бентеке.
Кристал палас во шеснаесетфиналето на ФА купот ќе се сретне со Манчестер сити.

 

Најнови вести