Корисничко име Лозинка Пријави се
18.1.2017

КАН: Добар почеток на Гана, ремизираа Мали и Египет

Фудбалската репрезентација на Гана со победа го почна учеството на Купот на африканските нации во Габон, додека Мали и Египет одиграа нерешено без голови.

Гана со 1-0 ја победи Уганда во првото коло на групата Д, која прв пат учествува на Купот на африканските нации од 1978 година, кога го зазеде второто место.
Стрелец на единствениот гол на натпреварот во Порт-Жентил беше Андре Ају во 32-рата минута од пенал кој беше досуден поради фаулот на Исак Исинде над Асамоа Гијан во шеснаесетникот.
Аврам Грант, поранешниот тренер на Челзи, а сега селектор на Гана, ќе се обиде својот тим да го одведе до второ последователно финале на Купот на африканските нации, но се надева дека ќе оствари подобар резултат од 2015 година, кога Гана беше поразена од Брегот на Слоновата Коска по подоброто изведување на пеналите.
Во другиот натпревар од групата Д во Порт-Жентил, Мали и Египет одиграа нерешено без голови. Мали беше незначително подобар ривал, имаше неколку шанси, но сепак не успеа да дојде до гол.
Во второто коло на групата Д, Гана во сабота, од 17 часот ќе игра против Мали, а од 20 часот ќе се сретнат Уганда и Египет.

Најнови вести