Корисничко име Лозинка Пријави се
18.1.2017

Абелардо веќе не е тренер на Хихон

По серијата од четири последователни порази, управата на Хихон одлучи да ја раскине соработката со Абелардо Фернандез.

Спортинг Хихон повторно бара нов менаџер откако Абелардо, некогашниот фудбалер на Барселона, доби отказ во тој клуб.
Соработката е завршена по вчерашниот состанок на којшто присуствувал и Абелардо, донесена е одлука да се раскине договорот и да се тргне во потрага по нов тренер.
Спортинг од Хихон има четири порази последователно, се наоѓа во зоната за испаѓање и ќе биде многу тешко да се извлече.
Четириесет и шестгодишниот Абелардо во својата тренерска кариера најмногу време помина токму во Хихон, каде што работеше и како асистент и како тренер на вториот тим, а од 2014 година е прв тренер.

 

Најнови вести