Корисничко име Лозинка Пријави се
19.1.2017

Реми со Исланд, Македонија трета во групата Б

Македонската ракометна репрезентација одигра уште еден одличен натпревар и ремизираше со Исланд 27:27 што е доволно за третото место во групата кое ни ја носи Норвешка во осминафиналето.

Македонската репрезентација ја оствари целта и во осминафиналето нема да се сретне со домаќинот Франција по уште еден возбудлив натпревар во кој одигра нерешено со Исланд.
Македонија одлично го почна натпреварот и поведовме со 4-0, но по неколку грешки во нападот Исланд се врати и успеа да направи пресврт.
Исланѓаните водеа во поголем дел од првото полувреме, нашите ракометари го бркаа резултатот и на одморот заминавме со заостанување од два гола, 13:15.
На стартот на вториот дел Исланд продолжи со добра игра и дојде до пет голови предност, но во финишот нашите ракометари ја преземаа контролата над натпреварот.
Нападот проработе, Колев со неколку интервенции во вистински момент беше клучен за пресвртот по што успеавме да се вратиме и да дојдеме до предност. Во последните минути се играше гол за гол за конечни 27:27.
Најефикасен повторно беше капитенот Кире Лазаров со седум погодоци, Георгиевски запиша шест, Манасков пет. Фантастична партија имаше Кирил Колев кој запиша 13 интервенции.
Со освоеното трето место во групата Б во осминафиналето ќе се сретнеме со Норвешка, покрај Шпанија и Словенија во втората фаза оди и Исланд, а Тунис го освои петото место.

Најнови вести