Корисничко име Лозинка Пријави се
20.1.2017

Фертонген околу шест седмици надвор од теренот

Јан Фертонген, столбот на одбраната на Тотенхем, ќе паузира околу шест седмици поради повреда на глуждот, изјави менаџерот Маурисио Покетино.

Белгиецот го измести глуждот минатиот викенд, во победата на Тотенхем над Вест Бромич албион со резултат 4-0.
„Кога размислувате позитивно, полесно ќе закрепнете. За среќа, не му е потребна операција. Имаме доста играчи коишто можат да играат на неговата позиција, среќни сме поради тоа. Денес ќе му биде извршено скенирање на Јан и ќе ја имаме прецизната дијагноза“, изјави Покетино.
Фертонген настапи на 20 лигашки натпревари оваа сезона и беше командант на одбраната која прими само 14 голови, што е најдобар учинок од сите тимови во Премиер лигата.

Најнови вести