Корисничко име Лозинка Пријави се
20.1.2017

Енрике: Четири кандидати за титулата

Луис Енрике, тренерот на фудбалерите на Барселона, изјави дека четири екипи се во игра за освојување на титулата во Шпанија и додаде дека би било глупаво да се отпише кој било од нив.

Реал Мадрид е прв на табелата на Примера лигата со 40 бодови, односно има бод повеќе од второпласираната Севилја и еден натпревар помалку. Барселона е на третото место со 38 бодови, додека Атлетико Мадрид е четврти со 34.
„Тоа беше добар викенд за нас. Освоивме три бода и направивме сè што е до нас за да продолжиме да вршиме притисок врз тимовите коишто се пред нас на табелата... И секако, секогаш е убаво кога тимовите пред вас ќе изгубат“, изјави Енрике за шпанските медиуми.
Каталонскиот тим минатиот викенд славеше против Лас Палмас, додека Реал изгуби од Севилја.
„Сега сме на пола сезона. Четири првопласирани екипи се кандидати за титулата. Би било глупаво да се отпише некоја од нив“, додаде Енрике.
Барселона синоќа го победи Реал Сосиедад во натпреварот од Кралскиот куп, додека во недела ја очекува дуелот со Еибар во Примера лигата.

Најнови вести