Корисничко име Лозинка Пријави се
22.1.2017

Повреда на Модриќ

Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ, го повреди мускулот на десната нога, а колку време ќе му биде потребно за заздравување ќе се знае по деталните прегледи.

Модриќ на теренот против Малага беше до 78-ата минута.
Тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан на прес конференција изјави дека Модриќ има проблеми, но не може да каже повеќе пред лекарските прегледи.
„Модриќ има проблеми со десната нога. Во понеделник ќе бидат направени анализите“, изјави портпаролот на Реал Мадрид.
Хрватскиот фудбалер проблемот со истата повреда го имаше и на минатогодишното Европско првенство.

Најнови вести