Корисничко име Лозинка Пријави се
23.1.2017

Ивановиќ пред трансфер во Евертон

Бранислав Ивановиќ, фудбалерот на Челзи, би можело кариерата да ја продолжи во Евертон, пренесуваат англиските медиуми.

„Карамелите“ сакаат во своите редови да го доведат српскиот капитен, на местото на Фил Јагјелка, кој од Евертон ќе направи трансфер во Сандерленд.
Менаџерот Антонио Конте не му даваше многу шанси на Ивановиќ оваа сезона, кој често не беше ниту во протоколот за натпреварите.
Освен Евертон, за 32-годишниот Србин е заинтересирана и Барселона, но поизвесно е дека Ивановиќ ќе остане на Островот.
Ивановиќ во Челзи е од 2008 година, каде што стигна од Локомотив од Москва, а одигра 375 натпревари за „сините“.

Најнови вести