Корисничко име Лозинка Пријави се
24.1.2017

Марсело ќе паузира еден месец, Модриќ 7 дена

Марсело и Лука Модриќ, фудбалерите на Реал Мадрид, ќе паузираат поради повреда на мускулите, соопшти шпанскиот клуб.

Марсело го повреди задниот дел на бутниот мускул на левата нога во саботата, на натпреварот против Малага во шпанското првенство, поради што излезе од игра во 26-тата минута.
Клубот не наведе колку долго ќе отсуствува бразилскиот лев бек, но медиумите пренесоа дека ќе паузира најмалку еден месец.
Модриќ беше заменет во 79-тата минута поради болка во десната нога, а тестовите покажаа дека има проблеми со мускул во препоните. Тој на тренинзите би требало да се врати за една седмица.
Двајцата сигурно ќе го пропуштат реванш-натпреварот од четврт-финалето на Кралскиот куп, кој Реал утре ќе го игра против Селта.

Најнови вести